
– Отчетот на Трајкоски е празен, бидејќи во него ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, со кои ја доби довербата на граѓаните на Дебрца. Во Отчетот не видовме каде е индустриската зона во Мешеишта, во која за почетокот на 2015 година требаше да пристигнат првите инвеститори, го нема рудникот за манган Стогово. во кој требаше да се реализираат 200 вработувања, ги нема винариите во Мешеишта, ја нема турската инвестиција во фабрика за моторни масла, го нема Слатинското Езеро, кое требаше да прерасне во туристичка атракција за рурален туризам, ги нема откупно дистрибутивните центри за земјоделски производи, ја нема урбанизацијата на општината и многу други, ветени, а неисполнети проекти. – велат од СДСМ.
СДСМ забележува дека во Отчетот немало информации како општината била претворена во најзатворена и заробена институција, зао расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари, партиските вработувања, мобингот и прогонот на политичките неистомисленици во општинската администрација. Партијата смета дека во локалната имало коруптивно однесување и селективно делење на тендери и општински пари. СДСМ на Трајковски му забележува и што во отчетот не кажал со колкав износ ја задолжил општината.
-Трајкоски се испофали дека реконструирал водоснабдителни системи во неколку села, а не кажа дека токму во тие села граѓаните цело лето останаа без капка вода, изградил патна инфраструктура, а не кажа дека сите општински патишта се небезбедни за сообраќај, поради несичистената крајпатна вегетација, изградил два канализациони системи, од кои ниту еден не е во функција и дека и од оној изграден од претходната локална власт, во село Белчишта, отпадните води се испуштаат во Белчишкото Блато. – се вели во партиската реакција.
OhridNews











