Денес пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери во Парламентот поднесоа барање за распуштање на Собранието.

– Како дел од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза и овозможување достинствен живот за граѓаните на Република Македонија, велат од пратеничката група на СДСМ.

Додаваат дека секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доказ плус дека власта на Никола Груевски сака да избега од избори на 11 декември.

Слична иницијатива поднесе и Демократскиот сојуз.

OhridNews