Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање, информираа од СДСМ на денешната прес конференција.
– Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование. Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците. Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад, велат од СДСМ.
Од СДСМ ги повикуваа сите политички партии да го поддржат овој предлог во интерес на учениците, наставниците, родителите и граѓаните.
OhridNews