
– Падот на режимот го донесе и крајот на политичките пресметки со неистомислениците. Тоа беше идеолошка определба на ДПМНЕ. Социјалдемократскиот Сојуз верува во еднакви можности за сите, без разлика дали припаѓаат или не, на некоја политичка опција. Секој заслужува можност со својата работа да придонесува за подобар живот за сите, велат од СДСМ.
Според нив, лицемерно и навредливо е за охриѓани кога ВМРО ДПМНЕ зборува за партиски реваншизам знаејќи дека пред само четири години, во Охрид се случила една од најголемите партиски чистки која охриѓани имале можност да ја посведочат.
– Воедно сегашниот портпарол, активен професор, не успеа во 2013та да застане во одбрана на околу шеесетина негови колеги кои во еден ден беа избркани од работа без никакво објаснување, или кога нивниот тогашен градоначалник, политички неподобните ги пушташе на казнена експедиција во Косел, да работат во услови под секакво човечко достоинство. Од ВМРО ДПМНЕ, не можат да зборуваат за менаџирањето со градинките во градов, знаејќи какви небулози се случуваа со претходната директорка која потекнува токму од нивните редови. Од криминогени продажби на отпадниот лим при реконструкција на централната градинка, до наметнување религиозни претстави на тригодишни дечиња. Да не зборуваме за случаите кога истите овие малолетни дечиња во бројни наврати мораа да стојат по четириесетина минути да го чекаат поранешниот градоначалник Бакрачески за да му даваат аплауз, се наведува во соопштението.
OhridNews











