За СДСМ е прифатлива понудата за одржување лидерска средба утре, иницирана од претседателот Ѓорге Иванов, соопштуваат од партијата.

„Во разговор со кабинетот на претседателот Иванов ги известивме дека за СДСМ логичен формат за средбата е присуството на две парламентарни партии од  власт и опозиција, од македонскиот и од албанскиот политички блок“, соопштуваат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека во текот на денешниот ден очекуваат официјална покана од претседателот Иванов, во која ќе бидат известени за времето  на средбата и точниот состав на учесници.

Ohridnews
извор: Makfaks