СДСМ во неделата соопшти дека се спротивставува на намерата на актуелната власт исплатата на породилните надоместоци да се исплаќаат преку фирмите и побара повлекување на оваа предлог мерка, за која смета дека ги загрозува основните права на жените.
„Државата мора да биде гарант за обезбедување на првата и заштитата на жената родилка. Доколку се примени овој предлог на власта тоа ќе предизвика сериозни негативни последици врз жените родилки и идните мајки“, изјави Мирјана Николовска од СДСМ.
Според опозиционата апртија, со таква мерка би ја загрозила положбата на жените, би се форсирала нивна нееднаквост и дополнително исклучување од пазарот на труд.
„Се загрозува пристапот на жените до право на бременост и мајчинство, се зголемува несигурноста на работните места на жените и дополнително ќе влијае на намалување на пристапот на жените до заработувачка“, оцени Николовска.
Според неа, наместо вакви мерки на штета на жените, родилките и идните мајки, власта треба да превземе други механизми за навремена исплата на средствата од породилно отуство.
На пример, ефикасна исплата може да се обезбеди со електронско поврзување на ФЗО со УЈП и комјутерска проверка за плаќањето на средствата од страна на работодавачите, вели Николова.
Во таа насока, предлагаме целата административна постапка да биде укината и Фондот директно, тековно да ги плаќа надоместоците за породилно. Без при тоа неговата исплата да зависи од тековното работење на работодавачот, со што стекнатите права на работничките нема да бидат дополнително условени, рече Николова.
ФЗОМ: СДСМ непотребно шири паника
СДСМ се ибидува да шири непотребна паника во јавноста и искривување на вистинската цел за реализација на овој проект кој првенствено произлезе од барањата на работничките и ќе биде реализиран по сослушување на сите заинтересирани страни.
Ова се наведува во рекацијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) во врска со денешниот прес на СДСМ, на кој беше оценето дека прелдожената мерка надоместот за породилно да се исплаќа преку фирмите е дискриминаторска за жените.
Самиот факт што овој проект се очекува да биде реализиран во 2016 година, а Фондот уште во текот на 2014 година започна со една широка и јавна дискусија е доволен доказ дека истиот е наменет за доборото на сите осигурени лица односно и на работниците и на работодавците, а не на нивна штета, се вели во реакцијата на ФЗОМ.
Проектот „Побрза исплата на породилни надоместоци и боледувања“ е еден од проектите на Владата кој Фондот треба да го спроведе врз основа на барањата на осигурениците додека се на боледување да можат надоместокот на плата да го земат во исто време со платата на останатите вработени во фирмата, кои беа доставени до Фондот.
Барањата на осигурениците претставуваа доволен поттик и мотив да се започне со реализација на овој прект кој сеуште е во својата рана фаза во која се разгледуваат сите аспекти со цел истиот успешно да се спроведе во праксата на општо задоволство на сите заинтересирани страни, стои во соопштението.
ФЗОМ во изминатиот период одржал состаноци со стопанските комори и со Организацијата на работодавачи и пред нивното членство го презентираше овој проект.
Од одржаните состаноци произлегоа доста прашања, дилеми како и нови предлози за негова успешна реализација. Фондот внимателно истите ги разгледа и ги инкорпорираше како можни варијанти по кој би се реализирал самиот проект, при тоа водејќи сметка да ги заштити правата на сите осигурени лица особено на младите мајки на кои за време на нивното породилно отсуство многу е важно што побргу да ги добијат средствата, за да можат да се грижат за своите деца, стои во реакцијата.
Проектот „Побрза исплата на породилни надоместоци и боледувања“се наоѓа во владина процедура и истиот содржи повеќе предлог варијанти за негова реализација.
OhridNews
извор:„Макфакс“