Аналитичкиот центар на СДСМ пресметал дека распределбата на мандати помеѓу двете најголеми коалиции е 51:51. Наспроти ова аналитичкиот центар на владејачката партија пресметал дека на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ освоила 51 пратеничко место а опозицијата 49.
Извор Државна изборна комисија
Државната изборна комисија утрово ги соопшти првичните конечни резултати, според кои ВМРО ДПМНЕ освоила 16.240 гласа повеќе од СДСМ.
Која партија колку пратенички места освоила ДИК првично ќе соопшти подоцна денеска.
OhridNews