– Директорот на оваа јавна здравствена институција, господинот Љубен Арнаудов, во итна постапка, на самохрана мајка и врачил Решение за прераспоредување на друго работно место. Причината за ваквата негова итна постапка е една и единствена: Сметал дека токму таа е личноста која го известила новинарот за фашистичката фотомонтажа на огласната табла која е на неколку чекори од неговата канцеларија. – велат од СДСМ.
Социјалдемократите обвинуват уште и дека на работно место на самохраната мајка веднаш бил назначен друг работник, кој бил близок член од семејството на висок партиски функционер од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара самохраната мајка веднаш да биде вратена на нејзиното старо работно место, а директорот на болницата да поднесе оставка.