СДСМ самостојно ќе атакува на Охрид. ВМРО ДПМНЕ кова план.
23.11.08 00:12
Социјалдемкократскиот сојуз на Македонија – СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи самостојно, изјави в.д. претседсателот на партијата, Зоран Заев. Тој информираше дека имињата на кандидатите за градоначалници ќе бидат соопштени до 23 декември. До тогаш треба да биде потврдена и одлуката за Охрид, каде се очекува СДСМ да истрча со актуелниот градоначалник Александар Петрески, но тоа до дега официјално не е потврдено.
Раздвижено е и во ВМРО ДПМНЕ. Централниот Комитет на партијата вчера одржа седница на која бил усвоен акциски план за настапот на ВМРО-ДПМНЕ на локалните и претседателските избори. Членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оцениле дека овие избори се исклучително значајни за Македонија бидејќи со нив ќе започне битката за конечна победа над транзициските политичари.
Ниту ВМРО ДПМНЕ не брза со објавување на имињата на кандидатите за градоначалници. Како што веќе објавивме деновиве, постапката за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, како и за изборот на кандидат за градоначалник е во процедура, која според првичните најави од партијата треба да заврши до крајот на ноември.
Традиционална храна подготвена со увозни продукти не е традиционална Кога ќе одите во некоја земја прво што барате нешто традиционално Тоа ја зголемува потрошувачката и атрактивноста, а не го поска...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, денес ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВелгошти и е финанси...
Променливо облачно со сончеви периоди Во раните претпладневни часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено зас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.