Реакција од општинската СДСМ во врска со изјавата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска за одлагањето на седницата на советот на општина Охрид.

Несфатливо е како е можно и по три и пол години од нејзиниот советнички мандат Дамоска- Секулоска сеуште да не прочитала и да не научила кој и како ги закажува и прекинува седниците на совет, или кој и како ги закажува или одложува продолженијата на прекинатите седници. Продолжението на прекинатата 50-та седница на Советот на општина Охрид, беше одложено од страна на Претседателот на советот, во согласност со неговите статутарни и деловнички права и обврски, и немаше никаква врска со ниту една точка од дневниот ред. И советниците на СДСМ, исто како и сите други советници во Советот, во текот на вчерашниот ден беа известени од страна на стручните служби во Локалната самоуправа за одлуката на Претседателот на Советот. Останува нејасно зошто советничката Дамоска- Секулоска се служи со лаги и манипулации и зошто си придава себе си и на нејзинината иницијатива толку големо значење, стои меѓудругото во реакцијата.
 
СДСМ од Охрид ја повикува Секулоска- Дамоска да и‘ објасни на јавноста за какво лицемерие, за какви коруптивни и криминални активности и за какво бегање од расправа и одолговлекување станува збор во нејзината изјава, кога токму советничкото мнозинството, предводено од советниците на СДСМ, прифатило да се стави на дневен ред и да се расправа за нејзината иницијатива.

OhridNews