Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е дирекнто поврзана со бизниси и фирми на Панама, обвини денеска опозциската СДСМ.

„Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама. Ова е тој документ. Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс. Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, Делфино травелс Балканс. 

Пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, Делфино травел Балканс згаснува и ја бришат од Централен регистар.

Што крие семејството на Иванов? – праша на прес конференцијата потпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Од кабинетот на Иванов одговорија дека се работи за лага и манипулација и најавија судска разрешница на случајот.

„Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се престави семејството на ПРМ Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме партијата СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно господинот Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд кабинет на Претседателот Ѓорге Иванов.“ – соопшти кабинетот на претседателот.

OhridNews