По вчерашната посета на премиерот Груевски и министерот за здравство, Бујар Османи, на Општата болница се поставува суштинско прашање на кое Охридската јавност треба да добие одговор: освен сликањето, што друго виде господинот Груевски при оваа негова посета, стои во испратениот допис на општинската организација на СДСМ.

– Дали го виде вмровскиот срам со кој Охрид и охриѓани се оставени без болница? Дали ја виде поразителната состојба- доколку изградбата на болницата продолжи со досегашната динамика, најмалку уште 3 години, 50. 000 граѓани на Општина Охрид и уште толку гости во екот на туристичката сезона ќе останат без елементарна здравствена заштита. Дали, конечно, почитуваната господа од ВМРО ДПМНЕ сфатија дека популизмот и пропагандата не смее да бидат поважни од здравјето и животите на граѓаните? Изградба на болница не е исто со изградба на тениско игралиште. Сериозните работи треба да имаат сериозен пристап. Пред да се сруши старата болница требаше да се реши суштинското прашање: Каде ќе се лечат охриѓани додека се гради новата болница, прашуваат од ОО на СДСМ.

OhridNews