Сите институции мора да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство и да не ја попречуваат неговата работата, во интерес на откривање на вистината и правдата, бара опозициската СДСМ. Според партијата иИнтерес на сите граѓани на Македонија е сомнежите за криминал и кршење на законите што призлегоа од нелегалното прислушување да бидат истражени.
„Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на новоотворениот предмет од СЈО под кодно име „Трезор“ покажува две работи. Прво, ВМРО-ДПМНЕ има потреба да си ја ишка мувата од капата за „Трезор“. Иако, СЈО не ги објави имињата на осомничените лица, партијата веројатно се препозна во криминалот и во делата за кои СЈО тврди дека има
основано сомнение дека се сторени. Второ, Никола Груевски, Сашо Мијалков и фамилијата околу нив не сакаат да се дознае вистината за криминалот во Македонија.
Наместо ВМРО ДПМНЕ да ја информира јавноста дали во времето на нивното управување со МВР се плаќани илјада евра дневно за одржување на опрема што била неупотреблива, тие пишуваат соопштенија со навреди за СЈО. Да потсетиме, едно семејство жртва на августовските поплави добива помош од 500 евра. ВМРО-ДПМНЕ не демантира дека двојно повеќе се цицани од буџетот за фиктивно одржување на опрема на МВР.“- се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ, во кое се посочувадека се што е украдено од граѓаните, ќе им биде вратено.
OhridNews