Одлика на работата на градиначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорност, неспособност, нефункционалност на општините, покачување на цените комуналните услуги, задолжување со обврзници, обвини денеска владејачката СДСМ.
Од овој месец, Општина Гевгелија, а од претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните.
Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат. – стои во партиското соопштение.
Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски успеа за само една година, Аердром од најбогата општина, да го доведе во долгови и започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра, велат од СДСМ.
Не се знае колкава ќе биде каматата, ниту кој ќе ја купи обврзницата, дали тоа може да биде некоја голема градежна фирма, која после ќе диктира промена на детални урбанистички планови во нејзина корист и на тој начин општината ќе стане нејзин заложник, се додава во соопштението.
Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години, потенцираат од СДСМ.
OhridNews












