Од општинската организација на СДСМ со најостра осуда за синоќешниот инцидент во кој биле обиени просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
– Ги повикуваме органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот. Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, велат од ОО на СДСМ.
Оттаму очекуваат дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
OhridNews












