Градските гробишта во Охрид – место каде што секој човек оддава почит на некој свој близок, денес се претворени во симбол на запуштеност и срам, реагираат од СДСМ Охрид.
Сликата таму е поморбидна, полоша и побезнадежна од кога било. А граѓаните – плаќаат дупло повисоки сметки за таканаречени „услуги“ на ЈП „Градски гробишта”. За возврат – добиваат недостоинство, нечистотија и целосно отсуство на грижа. Го повикуваме директорот на ЈП ,,Градски гробишта” и локалната власт да излезат пред граѓаните и да им одговорат и објаснат – за што точно ги трошат парите од граѓаните?!, велат во реакцијата од СДСМ Охрид,
OhridNews