Од ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески граѓаните повторно не добија одговор колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година, велат од општинската СДСМ.
                                           
– Дали долгот на училиштата е поразителен и надминува 77 милиони денари или над 1 милион евра? Градоначалникот Бакрачески на охриѓани им рече дека се деблокирани сметките и дека се нормализирани блок дотациите. Излажа ли повторно Бакрачески? Училиштата никогаш не биле позадолжени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески избегнуваат да дадат одговор на овие прашања. Постапката за формирање на средното економско училиште „ Св. Кирил и Методиј“ ја започна минатиот состав на советот, на иницијатива на тогашното советничко мнозинство, предводено од СДСМ,потенцираат од ОО на СДСМ .
 
Оттаму порачуваат власта наместо да се занимава со минатото, во интерес на учениците нека се зафати со решавање на горливите проблеми со кои се соочува воспитно – образовниот систем во Охрид.

OhridNews