Кандидатот за независен советник Зоран Стевоски , злоупотребувајќи ја позицијата на советодавното  тело на СДСМ, покажа дека нема капацитет сам да си ја заврши работата околку бомбастично најавената кандидатура, вака од општинската СДСМ го коментираат поднесувањето на независната советничка листа од страна на Зоран Стевоски. 

–    За три дена едвај  собра триесетина приврзаници , поднесе кандидатура , а во собирањето на потписи на негово барање  се вклучи ВМРО- ДПМНЕ . Очигледно е дека и кампањата ќе му ја финансира ВМРО- ДПМНЕ  и потоа ќе му се реваншираат за валкано извршената ситнополитичка  игра, велат од општинска организација на СДСМ .