
-Во месец октомври минатата година и покрај реакциите на советниците на СДСМ, советниците на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Зијадин Села, изгласаа Одлука според која вработените во овие две институции се иселуваат од зградата во којашто работат со децении. Одлуката беше донесена со гласовите на советниците на ВМРО ДПМНЕ и ДПА. Советниците на СДСМ гласаа против оваа одлука и тоа стои во записникот од седницата во општинската администрација. Струшката јавност бара одговор од коалиционите партнери на локално ниво, да одговорат за која намена ќе се користи зградата на Просветниот инспекторат и Инспекторатот за труд и социјална политика. Дали и каков пазар постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Зијадин Села?, прашуваат од струшката СДСМ, во писменото соопштение испратено до медиумите.
OhridNews












