На денешната седница на советот на општина Дебрца советничката група на СДСМ предложи советот на општината едногласно да донесе Декларација за реафирмирање на стратешката определба на Дебрца како еколошки чиста општина и за отфрлање на предложеното решение за изградба на регионална депонија во Дебрца.
– За жал и овојпат советниците од ВМРО ДПМНЕ и независниот советник во Советот на општина Дебрца не успеаја да се надминат себеси. Истите тие, кои минатата година за ситни лукративни интереси (работни места и пари), спротивно на искажаното незадоволство на граѓаните, гласаа за изградба на асфалтната база, истиот тој градоначалник, кој тогаш не сакаше ниту да ги прими незадоволните граѓани, пријавувајќи ги во полиција, на денешната седница на советот на општината беа против предложената Декларација за еколошка одбрана на Дебрца. Трајкоски да престане безобзирно да лаже дека СДСМ е против референдумско изјаснување на граѓаните. Напротив, како што беше наведено и во предложената Декларација се остава можност да се искористат и другите правни средства, вклучително и референдум, доколку не се почитува волјата на граѓаните и кој доколку има потреба би се спровел во погодно време, се наведува во дописот од ОО на СДСМ Дебрца.
Според СДСМ, инсистирањето за референдум од страна на градоначалникот Трајкоски, во пресрет на локалните избори е само негов обид за дефокусирање на јавноста и сокривање на неговата одговорност за создадените еколошки проблеми и криминалното владеење.
OhridNews












