По денешната прес конференција на претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, реакција и од ОО на СДСМ. Оттаму наведуваат дека била одржана уште една од низата промашени прес конференции на Атанаско Михаилов и неговата партија ВМРО- ДПМНЕ. 

– Точно е, пазарот не се изгради и се заради опструкциите на власта на ВМРО – ДПМНЕ, како на урбанистички така и на финансов план. Денешната прес конференција,  Михаилов требаше да ја одржи пред Министерството за транспорт и врски и пред Министерството за финансии, и да му ги поставеше овие прашања на своите сопартијци, и оттаму да го чуе одговорот па  ќе видеше дека не лажат ниту СДСМ, ниту градоначалникот Александар Петрески. Ова добро го знаат во Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, но заради ситни дневно политички поени папагалски повторуваат едни исти работи во кои и  самите не веруваат, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ потенцират дека подобро ќе беше прес конференцијата Михаилов да ја одржеше пред ЕМО, па да прашаше кој го упропасти овој охридски стопански гигант, пред Општата болница, сеуште ненаправена, на ветениот автопат Гостивар- Охрид или на градското пристаниште кое се распаѓа, а со него стопанисува државата.

 – Градското пазариште во Охрид, ќе се изгради, но дали при тоа Власта на ВМРО – ДПМНЕ ќе им ги врати  украдените пари на народот кој  не само што е донесен на просјачки стап, туку и тој просјачки стап им е земен, а на пазар не се оди со празни џепови, се наведува меѓудругото во реакцијата од СДСМ.

OhridNews