Во кризната и Ковид година која остана зад нас мерката финансиска поддршка на мали и средни претпријатија ја искористиле 34 фирми за 44 лица, за набавка на опрема и репро материјали во вкупен износ од 2.181.000,00 денари. Тоа се неповратни средства од кои за млади лица до 29 години по 92.000,00 денари а за другите лица по 153.750,00 денари по лице.

Ова било истакнато на работната средба на пратениците на владејачката СДСМ Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска во Центарот за вработување во Охрид со в.д директорот Пецо Павловски и Линда Ахмед, соработник за правни и административни работи на која се разговарало за резултатите од спроведените активни мерки од Оперативниот план на Владата за 2020 година искористени во општина Охрид, а реализирани преку Центарот за вработување од Охрид.

Mерката-Субвенционирање на плати во 2020 година ја искористиле 27 фирми за 40 вработувања и тоа по 228.000,00 денари по лице или вкупно искористени средства по овај основ изнесува 9.120.000,00 денари и овие средства се неповратни се субвенционираше бруто плата во износ од 19.000,00 денари по лице за период од 12 месеци. Мерката практиканство за млади до 24 години по 3 месеци, ја искористиле вкупно 47 фирми за 52 практиканти. И тоа по 9.000,00 денари за лице или вкупно 468.000,00 денари на ниво на општина Охрид за 2020 година, информирале одговорните во Центарот за вработување во Охрид.

На средбата било посочено дека мерката Самовработување со грант – основање сопствен бизнис со неповратни средства, во опрема или репро материјал во висина од по 307.500,00 денари по лице, во 2020 година ја искористиле 44 лица кои основале 37 фирми. Вкупниот износ на овие искористени неповратни средства во 2020 година на ниво на општина Охрид изнесува 13.530.000,00 денари. Или само со овие мерки кои се дел од Оперативниот План за 2020 година, во општина Охрид, биле искористени вкупно 27.410.000,00 денари, велат од Центарот за вработување во Охрид.

Овие мерки ќе продолжат и оваа 2021 година со новиот Оперативен План кој е во финална фаза на носење. Така што со уште поголем чекор и мотив и ние како Центар за вработување Охрид ќе чекориме напред, истакнал в.д. директорот Павлоски.

Пратениците Таневски и Лазаревска потенцираат дека од предвидените 1 милијарда и 270 милиони денари, 650 милиони денари се реализирани за поддршка за креирање на нови работни места.

При тоа било истакнато дека мерката за самовработување е една од најдобрите и најуспешните, со висока реализација од 98,5%. Притоа, преку мерките доделување на грантови во износ од 5.000 до 10.000 евра, субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се вработиле околу 4.000 лица.

Р.С. Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а започна со имплементација на проектот Гаранција за млади. Во фокусот на овој проект се млади, невработени лица до 29 години и мерката даде одлични резултати и покрај специфичните услови што ги наметна пандемијата КОВИД-19. Од вклучени 25.482 млади лица, 7.197 се вработиле, а 1.249 лица преку вклучување во активни мерки ја зголемиле својата вработливост, истакнуваат пратениците Таневски и Лазаревска.

Охридските пратеници од редовите на СДСМ најавуваат зачестени средби во јавните и државни институции како и приватни фирми и компании. Целта е преку разговор да се промовираат резултатите и ефектите од напорите на Владата на РСМ за подобрување на состојбите во стопанството и економијата, на севкупното живеење пред се’ во општина Охрид, соопшти Центарот за комуникации СДСМ – Охрид.

OhridNews