Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски бегаат од соочување со граѓаните на Република Македонија.Претставниците од владеачката партија, вчера не дојдоа на дебатата организирана од Младинскиот совет од Охрид на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“, на којашто беа поканети пратениците од 5-тата изборна единица и советници, а на која зедоа учество граѓани и граѓански здруженија,претставници од урбаните и месни заедници, велат од општинската СДСМ.
– Требаше да се дебатира, да се отворат заедничките проблеми и предложат решенија.Но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на власта во Советот на општина Охрид не најдоа време да се соочат со граѓаните.Не најдоа време да им одговорат на граѓаните колкава штета претрпе Охрид со донесениот Закон за Охрид.Не најдоа време да одговорат зошто го менуваат законот за урбанизација и во новиот предлог заговараат донесување на Урбанистички планови со 1/3 од советниците во Советот.Не најдоа време да одговорат зошто не се почитуваат законите за пловидба и зошто надлежните органи не ги спроведуваат?Зошто дозволија да се предлагаат проекти за изградба на Градска марина во Студенчишкото блато и хотелски комплекс непосредно во самиот брег на Охридското Езеро во село Љубаништа, се наведува во дописот од ОО на СДСМ.
Оттаму додаваат дека граѓаните на Охрид и охридско останале без одговори на овие прашања поради стравот на власта да се соочи со народот.
OhridNews