Општинската организација на СДСМ, реагира на обвинувањата што ОК на ВМРО ДПМНЕ ги упати на адреса на Локалната самоуправа со која раководат социјалдемократите, дека долговите на општината се зголемени за нови 5 милиони евра.

– ОК на ВМРО- ДПМНЕ  од Охрид наместо да одговара на прашањата за пропаѓањето на ЕМО,за случувањата на скопското кале и за се подлабоката политичка криза што ја предизвикува Владата на  ВМРО- ДПМНЕ на чело со   Никола Груевски и фамилијата,деновиве продолжува да се обидува да ја манипулира и да и фрла прав во очи на охридската јавност. Наместо да се запрашаат во каков сон е нивната Влада на чело со Груевски,ОК на ВМРО-ДПМНЕ лепи етикети дека локалната самоуправа не работи и  дека таму владее хаос. Згора на тоа нас во ОО на СДСМ не обвинуваат дека сме вечно поразени од нив,па за воља на вистината ги потсетуваме дека Градоначалникот Александар Петрески како кандидат на СДСМ двапати убедливо ги победи,а тоа сигурно ќе се случи и на било кои следни избори.-се вели во партиската реакција.

Социјалдемократите го повикаа ВМРО ДПМНЕ да им каже на граѓаните што се случува во ЕМО и зошто вашата Влада, како доминантен сопственик ,со години на вработените не им исплаќа плата, зошто го уништува  јавното здравство во Охрид, до каде е реконструкцијата на Општата болница и што ќе биде со неа.

OhridNews