ВМРО ДПМНЕ нема образ да зборува за критериуми, вредности и начин на поддршка на културните манифестации. На граѓаните на Охрид и сите граѓани на Република Македонија им е повеќе од јасно како ВМРО-ДПМНЕ доделуваше средства во областа на културата. Уметници од сите облици, културни манифестации од секаков вид, безразлика на историјатот и долгогодишната традиција беа единствено поддржувани ако тие безрезервно се заколнеа на верност на некогашниот лидер на ДПМНЕ, се наведува во реакцијата од општинската СДСМ по вчерашниот прес на портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ на кој беа изнесени обвинувања дека министерството за култра извршило културна деградација на Охрид.

– Од ВМРО-ДПМНЕ воопшто немаат право да зборуваат за буџетите на еден од најзначајните, а за охриѓани секако и најзначаен културен настан „Охридско Лето“, бидејќи видовме на што биле трошени тие буџети, особено за време на директорувањето на Оливер Арсовски. Граѓаните добро знаат, а и доказите добиени со внатрешните ревизии спроведени по налог на министерот Алаѓозовски тоа го потврдуваат, дека наместо за уште поголемо издигнување на фестивалот во светски рамки, најголемите пари се трошеле за матни привремени вработувања со кои се оптоварувал одобрениот буџет, велат од СДСМ.

Додаваат дека во однос на проширувањето на Градската библиотека „Григор Прличев“, прашањето ДПМНЕ го поставува на погрешна адреса, бидејќи тие ова проширување го најавиле уште во 2013-та година и при апсолутна централна и локална власт за четири години не успеале да го реализираат.

– Потенцираме дека времето на доделување на финансиска поддршка под маса и зад затворени врати, заврши со конечниот пад на режимот на Груевски и ДПМНЕ. Владата на СДСМ се залага за максимална транспарентност и почитување на сите критериуми кога се обезбедува ваква поддршка за било која културна манифестација во Република Македонија. Развојот на културата и почитувањето на долгогодишните културни манифестации е еден од врвните приоритети на СДСМ и наша заложба е, и секогаш ќе биде Владата да биде сигурен партнер и помагач на секој кој создава културни вредности за почит, се наведува во реакцијата.

Божиновски:СДСМ и Министерството за култура направија културна деградацадијa на Охрид

OhridNews