ВМРО ДПМНЕ по стапките на СКЈ и Кумровец го отвори институтот „Павел Шатев“, смета СДСМ. Оваа партија денеска со поопширно соопштение до јавноста реагира на изнесените анализи на членот на Бордот на институтот, Дејан Пановски. Во него се вели:

„Шатев не бил од Кумровец, но Дејан Пановски треба да биде македонскиот Стане Доланц.

По низата лаги што на граѓаните му гио нуди ВМРО ДПМНЕ во 100 чекори, крајно време е да се разобличи 101-та лага направена со пари од народот а се состои во школување партиски кадри.

Во немање асолни луѓе за да го остварат сонот за да дојдат на власт во Охрид и другите поголеми градови и општини (Струмица, Куманово), па и “една“ Струга, владејачката партија на Никола Груески во својот развој навистина “созреа“ со барање нови методи.  Наместо носење полупијани партиски војници со автобуси низ разни градови на соголената Македонија да го величаат “успешното“ ВМРО, ја отвори Политичката Школа на Партијата, слична на онаа (на толку за нив “омразениот“ Ј.Б. Тито) во Кумровец. Името и’ е “патриотско“, асли гемиџиско, а улогата божем прикриена, со етикетата “Институт“. Во таа партиска школа за инкубаторско производство на недоквакани вмровци не се учи ништо друго освен ВЕШТИНА НА ЛАЖЕЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД, ПРОДАВАЊЕ МАГЛА (како втор предмет) кое ќе ги оправдува промашувањата на партијата во стилот ЌЕ НАПРАВИМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ ….

УЧАТ И ОД ТИТО И ОД ГЕБЕЛС, НО НАРОДОТ Е ПОУМЕН ОД НИВ

Во таа партиска творба создадена и финансирана со народни пари (а ги нема за стечајците, малигно заболените….) клучните места ги држат докажаните плукачи, демагози и лажови од типот на Оливер Шамбески, Александар Николоски и Дејан Пановски. Оваа творба на ВМРО служи за школување на идните “асолни кадри“ на Партијата како членови на Совети, кандидати за градоначалници па дури и идни Амбасадори. Тоа е платен “Институт“ со народни пари да ги плаќа и рекетира медиумите. Не го носи името на Гебелс, но улогата му е да ја затемнува вистината и да ги контролира строго медиумите. Затоа не е чудно за познавачите на приликите, од каде Дејан Паноски секаков “експерт“ за географија, вода и екологија, дава јавни политички анализи секогаш кога ќе му притреба на локалните медиуми. Ако не ги објават неговите “стручни“ анализи или не му дадат простор во програмата – Владата ќе им го “скрои“ на тие медиуми  и нема да им даде “огласи“ односно да ги стави на листа за плаќање со државни пари. Всушност, се јавува секогаш кога актуелниот градоначалник Александар Петрески направи успех или добие нови симпатии кај граѓаните. Така беше и вчера кога Пановски, задолжен за партиското едноумие во охридската нахија се јави со свои кукулекања после настапот на Александар Петрески на локалната ТВ НТВ која одекна мошне позитивно меѓу охриѓани и му донесе нови симпатизери на сегашниот градоначалник.

Убеден во неспособноста на Дејан Пановски дека го бива да направи нешто за екологијата (а потрошил толку пари во ветар) како и во неговите демагошки, лажовски и “трансфер“ способности уште од времето кога беше општински портпарол на ДА (партија на Тупуркоски), лидерот Груески го задолжи да ја заврши Школата во Кумровец, пардон – онаа наречена Павел Шатев и во Охрид да си прави стратегија со дружината плукачи и кодоши меѓу кои и поранешни продавачи на порцелан ( а сега пратени кај толку способниот Александар Петрески) како преку медиумите да го лаже народот.

ОНА ШТО СЕ “ВЕЧЕР“ И “СИТЕЛ“ НА ДРЖАВНО НИВО, ПАНОВСКИ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ЛОКАЛНО НИВО.

Рака на срце, Дејан Пановски покрај честитките за успешно завршената политичка школа, заслужува честитки и за тоа што се докажува како македонски Стане Доланц од локален калибар. Така, јавноста е сведок како тоа експертот по екологија на политиката партиска Школа, на секои два-три дена, во немање што да излаже, а за да ја исполни задачата на својот шеф Николче, се јавува со чисти лаги во форма на вести дека бил некаде и со некого СЕ ДОГОВОЗРИЛ ЗА ДА СЕ СРЕТНАТ И ДА СЕ ДОГОВОРАТ! Се разбира дека таквите лаги на новопечениот Стане Доланц се објавуваат веднаш и на ударно место бидејќи Партијата и Школата преку разни форми ги плаќаат медиумите (нели парите се народни и ги има колку сакаш), само да засенат некој успех на актуелниот Градоначалник Петрески или ја направат второстепена веста од Општината која ги разоткрива лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи Партијата односно политичката Школа оцени дека главниот досегашен локален плукач и галамџија Цветко Грозданов со својата простотија и постојано карање, всушност му ги зголемува шансите на Александар Петрески, нему му забрани да си се поканува себеси за гостин во емисија по сопствена нарачка на локалната ТВ. Наместо него, сега таа улога ја има спомнатиот демагог и божемен експерт за екологија во политичката Школа, Дејан Пановски. Цветко Грозданов засега е само курсист на политичката Школа на Партијата.

Рака на срце веќе е на пат да го престигне Цветко Грозданов во плукање и лажење. Човекот се труди и неуморно работи и лаже откако го избрка Николче од Скопје во Охрид. Но тој не може да сфати дека и да плаче што на Монт Еверест има снег, неговата политичка Школа по теркот на онаа во Кумровец  на Сојузот на Комунистите на Југославија, сеуште не створила партиски војник достоен да биде градоначалник на Охрид.

Тоа е исто како и вистината дека Стане Доланц постоеше,  ама не беше тоа Дејан Пановски. Ова е само уште една инфантилна игра на децата собрани во зградата наречена Влада на чело со Николче Груески“, стои во опширната реакција на ОО на СДСМ – Охрид.

Ohridnews