Многупати досега ВМРО- ДПМНЕ  била  блиску до црвената линија на пристојната политичка  комуникација, но овој пат таа е премината и веќе отидоа под дното, велат од општинската СДСМ .

Од нив очекувавме желби за скоро закрепнување на градоначалникот Александар Петрески, а тие излегоа со обвинувања за партиски вработувања во Локалната самоуправа. Има ли образ ВМРО- ДПМНЕ да обвинува за партиски вработувања и непотизам кога потесната фамилија на Никола Груевски си направи приватна држава во која се е под нивна контрола. Крајно лицемерно е ВМРО- ДПМНЕ да обвинува за партиско и роднинско вработување на пожарникар или комунален работник во Охрид , а да молчат и да немаат храброст да одговорат во која држава може братучеди на премиерот да бидат први луѓе на тајната полиција и царината.Сигурно ваква практика нема во демократските , туку ја има во диктаторските режими, велат од  СДСМ.

OhridNews