– Од вас граѓаните на Охрид очекуваат одговор- До кога Охрид и охриѓани ќе бидат без болница и без соодветна здравствена заштита? Дали и зошто се прекинати градежните работи на изградбата на болницата? До кога ќе биде изградена болницата и кога, конечно, ќе се надмине најголемиот проблем со кој ги соочивте нашите граѓани?, запраша портпаролот на ОО на СДСМ, Љупка Иваноска.
Од оваа партија побараа одговор од општинската ВМРО- ДПМНЕ и за тоа- дали е точно дека во саботата, во зградата на ОК ВМРО ДМПНЕ , претседателот на општинскиот комитет и еден пратеник од оваа партија имале состанок со вработените на определено работно време од специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо” и дека со закани за нивните работни места ги убедувале да гласаат за ВМРО ДПМНЕ .
Иваноска со прашање до ВМРО- ДПМНЕ, дали знаат колку апарати за хемодијализа можат да се купат со 2 милиони и 750 илјади евра, средства што и се исплатени на име хонорар на , до вчера анонимната авторка, Валентина Стевановска.