Во ревизорскиот извешта за работата на Агенцијата за вработување стои дека таа ангажирала работници, хигиеничари и портир без да склучи договори со нив како што наложува Законот за работни односи или договори за услуга како што е предвидено со Законот за агенциите за привремени вработувања, обвини денеска портапролот на СДСМ на прес конференцијата што се одржа пред седиштето на Агенцијата за вработување.

„Ваков ли е наводниот проект „Македонија вработува“ на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција?

Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници “на црно“, што се случува во другите државни институции?! Што се случува во другите правни субјекти?

Кадрите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги раководат институциите противзаконски и ги кршат работничките права!

Токму ваква опасна порака до другите работодавци испраќа Агенцијата за вработување дека е дозволиво да имаат непријавени работници!

Државниот инспекторат за труд е должен веднаш да постапи по наодите содржани во овој ревизорки извештај. На непријавените работници веднаш да им бидат обезбедени договори за работа и пензиско, социјално и здравствено осигурување! Агенцијата за вработување да понесе одговорност.

Со ова се потврдува дека „Македонија вработува“ на Груевски е чиста фарса и дека власта и Груевски најсурово и најнеодговорно си поигруваат со најзагрозените граѓани кои работат за парче леб.

Но времето на фарси поминува! Времето на манипулации со животите на граѓаните поминува! После 11-ти декември доаѓаат промените!“- рече Шилегов.

АВРМ: Обвинувањата на Шилегов немаат врска со реалноста

Агенцијата за вработување со допис до медиумите ги демантира обвинувањата што на нејзина адреса денеска на прес конференција ги изнесе портпаролот на СДСМ Шилегов. Според АВРМ изнесените податоци од Шилегов„немаат врска со реалноста“.

-Нашите резултати се очигледни и бележат раст во посредувањето на вработувањето и бројот на новоотворени работни места спроведувајќи ги политиките за вработување на Владата на Република Македонија. Само преку проектот Македонија вработува и поволностите за вработување на млади лица, во изминативе две години реализирани се повеќе 27 илјади вработувања. Постојаните напади врз Агенцијата во овој период нема да нé поколебаат и натаму да ги реализираме своите програмски цели, да излегуваме во пресрет на потребите на невработените лица и работодавачите и да продолжиме со посветена работа која ќе го зголемува угледот на нашата институција. – стои во реакцијата.

OhridNews