На обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека СДСМ во Охрид партиски вработила членови на семејства на истакнати членови на партијата и носители на високи јавни функции, СДСМ одговори со контра обвинување.
 
„ВМРО – ДПМНЕ продолжува со истиот тип на прес конференции поврзани со јавната администрација.

Имајќи во предвид дека во врска со тоа на ВМРО ДПМНЕ вчера му поставивме прашање, а граѓаните не добија одговор, прашањето ќе го поставиме уште еднаш.

Во која друга држава освен во Македонија, шефот на тајната полиција е прв братучед на премиерот, а другиот братучед е главен кадровник во царината?“ – се вели во реакцијата на СДСМ.

OhridNews