
евра, која никој нема да им ја плати. Ова стои во реакцијата на СДСМ, на изјавата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Бичиклиски, кој го обвини градоначалникот на Охрид дека е одговорен што охриѓани плаќаат најскап паркинг.
-За ВМРО- ДПМНЕ важно е секојдневно да се манипулира и да се дефокусира вниманието на јавноста од катасрофалните последици на нивното владеење. Во партиски координирана медиумска акција , Бичиклиски вчера од Скопје јавно кукаше за паркинзите во Охрид , а неговиот шеф Груески, свечено го отвораше патот од Лескоец до Скребатно кој е граден со средства на Општина Охрид и кредит од Европската банка за обнова и развој и Светска банка, стои во реакциојата.
Општинската организација на СДСМ, на Бичиклиски му порача да дојде во Охрид и јавно да одговори зошто неговата партија ВМРО- ДПМНЕ не направила ништо, туку го уништи направеното.
-Три години, охриѓани ги оставивте без општа болница, ја затворивте специјалната детска болница, затворивте десетина фабрики, ги блокирате сите проекти на Локалната самоуправа и видно и постојано го кочите развојот на Охрид, се вели во соопштението.












