Деновиве започна асфалтирање на патот  до црквата „Свети Климент Охридски“ во селото Велгошти.

Како што изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, градежните активности на терен започнале уште во текот на минатата седмица.

Првичната идеја беше патот до црквата да се работи со бекатон коцки за што веднаш беше обезбеден и дистрибуиран градежниот материјал до местото. Но,  при една анализа на градежните инженери и во тесна консултација со населението, се посомневавме во квалитетот на почвата, бидејќи се работи за стрмен пат каде често се јавува свлечиште на земјата. Почекавме да помине периодот на дождови, потоа се направи детална анализа на почвата и се констатира декаа патот мора да се работи со асфалт со определна подлога која е неопходна за тоа. Најмногу време помина во чекање на стабилизација на земјиштето за да се направи проценка како ќе се изработи овој патен правец.“ –  рече општинскиот секретар.

Инаку, активностите ги спроведува градежното претпријатие „Илинден“.

OhridNews