Денеска стартуваше првата фаза од градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“, при што се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри, информираат од Општина Охрид. Увид во градежните активности изврши градоначалникот Кирил Пецаков.

Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација. Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид, велат во соопштението.

Градоначалникот, додаваат, ги посети и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“.

На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата, потенцираат.

 

Исто така, градоначалникот извршил увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри, а со завршувањето на оваа активност домаќинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија.

OhridNews