По асфалтирањето на неколку улици во центарот на градот мегу кои и улиците „Спас Банџов„ и „Никола Карев“, утре , 26.мај , започнува асфалтирањето на улицата „Лазо Трпоски“ во целата нејзина должина.

Заради непречено одвивање на работите, се апелира од страна на Секторот за комунални дејности до жителите од оваа и околните улици, да го сведат на минимум движењето, да ги отстранат возилата и да го избегнуваат паркирањето на коловозот и тротоарите за да нема несакани оштетувања или присилно отстранување на истите.

Ohridnews