Деновиве започнаа активности за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општина Охрид, во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година.

Веќе е завршено асфалтирањето на четири во село Лескоец, три краци на улицата „Српница“, еден крак на улицата „Радојца Новичиќ“, улички во село Пештани, во населбата „Елешец“, кај поранешна „Застава“, краци од улицата „Александар Турунџе“ во селото Велгошти, една уличка во населбата „Видобишта“ и во селата Шипокно и Коњско.

Од локалната самоуправа најавуваат дека активностите за асфалтирање ќе продолжат и во текот на наредниот период на повеќе локации во градот и останатите населени места.

За оваа намена од буџетот на општина Охрид предвидени се 7.508.375 денари и планирано е да бидат поставени околу 1550 тони асфалт.

OhridNews