Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој сообраќај и улици, општина Охрид започна со асфалтирање на улици и краци низ целата територија на Охрид. Денеска се асфалтира уличка во село Долно Лакочереј и крак од улицата “Прилепска“.

Наредниве денови ќе биде асфалтиран и крак од улица „Српница“.

Паралелно со оваа активност тече и проектот за пополнување ударни дупки и прекопи, во моментов се пополнуваат ударни дупки на улица „Богомилска“.