После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта, објави градоначалникот Константин Георгиески.
Средствата за овој зафат се издвоени од буџетот на општина Охрид.
Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот. – потенцираше Георгиески.
По налог на Општина Охрид во текот на изминатите денови беше извршено чистење на патниот правец кон селото Скребатно и црквата “Успение на Пресвета Богородица”.
Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, со помош на механизација беа отстранети одрони и наноси од земја и камења, а беше исчистена и сувата неуредна вегетација. – информира градоначалникот Георгиески.
OhridNews















