Претставата „Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во изведба на Охридскиот народен театар, предизвикува огромен интерес во јавноста. За неа се бара билет повеќе, а како што сме информирани, распродадени се и двете претстави што ќе се играат вечерва и утревечер во Центарот за култура со почеток во 19.00 часот.

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Петар Мирчевски, Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Јулијана Стефанова, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ , Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски.

Цената на влезниците за претставата  е 250 денари. Претставата може да ја следат само лица на возраст над 14 години. Се игра пред 24 гледачи , кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза.

OhridNews