Општина Охрид, објави конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција на плоштадот „Чинар“ во Охрид. Конкурсот е анонимен, а Општина Охрид со прво наградениот, ќе  спроведе постапка со преговарање без претходно објавување на оглас за изработка на комплет основен проект за реконструкција на плоштад „Чинар“ (со сите потребни фази). Предвидените  износи на награди преставуваат и откуп на авторските права од авторот за идејното решение.

Идејните решенија за конкурсот може да се достават најдоцна до 09.05.2018 год. во 12.00 часот. Отворањето на пристигнатите идејни решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени од страна на формираната комисија од страна на Градоначалникот по истекување на крајниот рок за поднесување на идејните решенија во просториите на договорниот орган.

OhridNews