Општина Охрид бара нов изведувач за поставување игралиште со вештачка трева- монтажен балон во дворот на основното училиште „Григор Прличев“. Како што информираат од локалната самоуправа, поради грешка во постапката,  договорот со изведувачот кој веќе претходно започна одредени градежни активности, спогодбено е раскинат и просторот до изборот на новиот изведувач треба да биде вратен во првобитна состојба .


Просторот деновиве ќе мора да се санира бидејќи е небезбеден за учениците и најверојатно тоа ќе го направи изведувачот кој ги започна активностите. Ова е прв и единствен објект од ваков вид во Охрид и сметаме дека ќе биде од голема корист за наставниците и учениците, вели раководителот на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, Серафим Наумовски.

Договорот со најповолниот понудувач за поставување на монтажниот балон ќе се склучува за време траење од пет години, а ќе се протега на површина од 1000 метри квадратни.


Корисникот на поставената опрема,игралиштето со вештачка трева во монтажен балон, задолжително без надоместок е должен да ја стави на располагање и користење за потребите на наставниците и учениците во основното училиште во сите работни денови во време траење на училишните часови во претпладневната настава.

OhridNews