Во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди Тајван загинаа најмалку четири лица, а спасувачите трагаат по 145 исчезнати. Според информации на локалните медиуми, подрачјето било погодено од низа последоватени потреси.

Во Хуалијен, што се наоѓа на 180 километри од главиот град Тајпеј, живеат околу 100.000 лица. Улиците се уништени, а 40.000 домови останаа без вода и околу 1.900 без струја.

Островот Тајван се наоѓа во близина на место каде што се раздвојуваат две тектонски плочи и поради тоа честопати е на удар на земјотреси. Пред две години, земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер погоди комплекс станови на југот на Тајван, пришто загинаа 115 лица.

OhridNews
Макфакс