Општините и Министерството за транспорт и врски, најбрзо што може треба да изнајдат што повеќе локации за изградба на хотели и други сместувачки капацитети, кои ќе бидат ставени на продажба, било заклучено на состанокот на Комитетот за туризам, одржан викендов.

На состанокото била разгледана реализацијата на мерките за развојот и промоцијата на туризмот во државата. Било договорено  економските промотори на Македонија во странство, во следните 12 месеци да остварат најмалку 270 контакти со странски тур-оператори кои ќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, а се очекува најмалку 70 од нив да имаат резултат со реализација на туристички ангажман.

Се разговарало и за унапредување на критериумите во Правилникот за категоризација на сместувачките капацитети, согласно европските стандарди со што би се подобрил квалитетот на  туристичка понуда и сместувањето на гостите, како и за изработка на специјален Правилник за сместување во авто-камповите, што ќе го подготви Министерството за економија.

На состанокот Комитетот ја разгледал ревидираната Национална стратегија за развој на туризмот 2009-2013, при што биле договорени повеќе мерки, како што е  креирање на систем за прибирање на податоци од туристичка дејност, брендирање на македонскиот туризам и негова заштита на национално ниво. Се дискутитрало и за проектот „СМС пораки за добредојде“ кои ќе ги добиваат странските туристи при влез во Македонија со препорака за посета на некои интересни туристички дестинации.

OhridNews