Изборот на превозникот и издавањето на дозволата и регистрираниот возен ред го врши комисија формирана од Градоначалникот на општина Охрид, согласно понудите од јавниот повик. Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите, најдоцна до 27.11.2012 година. до 12 часот.
Извршено е обележување на автобуските постојки, а по завршување на постапката за избор на превозници, ќе стартуваат и новите линии.
Како што потенцираат од локалната самоуправа, целта е да се обезбеди градски превоз и во овие делови од градот и тие да се поврзат со централното градско подрачје, пред се со позначајните институции.
Со линиски превоз досега беа опфатени повеќето населени места во околината на Охрид, меѓу кои и Свети Наум, Трпејца, Пештани, Елшани, како и селата Велгошти, Куратица, Свињишта.