Индустриското производство во март годинава е зголемено за 8,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави деновиве Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.2%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, Капитални производи за 63.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 19.9% и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 26.8%.
OhridNews