Судскиот Совет на Република Македонија на седницата што ќе се одржи денеска треба да донесе одлука за избор на претседател на Основниот суд во Охрид. Покрај во Охрид, претседатели на судовите ќе се бираат уште и во Струга и Кратово, како и на апелациониот суд во Гостивар.

На денешната седница, Судскиот совет ќе расправа и за разрешување на тројца судии од Основите судови во Велес, Дебар и Штип.

OhridNews