Во тек е изработката на каталогот за Златната соба во куќата на Робевци, во која ќе биде изложена златната маска. Како што информираат од Завод и музеј, штом заврши изработката на каталогот ќе се отвори Златната соба.

Безбедноста на Златната соба и воопшто куќата на Робевци ќе биде на највисоко ниво, според највисоките светски стандарди кои се применуваат при заштитата на исклучително вредни културно- историски предмети, велат од Завод и музеј.

Златната маска беше откриена при археолошките ископувања во 2002 год., како дел од откриената гробница со седумдесеттина гробни прилози од разновиден материјал, меѓу кои најзначајни и најексклузивни беа златната посмртна маска и златната ракавица со златен прстен.

Ова епохално откритие за македонската, балканската и европската археологија фрли дополнителна научна светлина во разјаснувањето на надалеку прочуената некропола “Требеништа”, која се наоѓа кај селото Горенци, во близината на Охрид.

Т. Кувенџиска