Судењето нема да продолжи во Охрид затоа што со одлука на претседателот на судот извршено е изземање на Кривичниот совет што постапуваше по предметот. Со писмени изјави од случајот се изземаа и другите кривични судии, по што надлежниот Апелационан суд во Битола, донесе одлука судскиот процес од охридскиот да го преземе Основниот суд во Прилеп. Судскиот процес како што информираа од Апелација ќе почне од ново.
За смртта на 34-годишниот белграѓанец се обвинети Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид, кои се товарат за кривично дело свирепо убиство. За истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој сеуште е во бегство. Четвртиот обвинет е Ѓоко Наумоски кој се товари за помагање по извршено кривично дело.