Предлог–одлуките за разрешување и именување членови на Училишниот Одбор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, како и за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“, се меѓу 39-те точки на дневен ред на седницата што ќе се одржи на 16-ти јануари со почеток во 11 часот.
Советниците ќе расправаат и за давањето согласност на Одлуката за изменување и дополнување на годишниот план за вработување во јавните претпријатија, преземањето на неколку селски водоводи од страна на МЈП Проаква Водовод Охрид.
Пред советниците ќе се најдат и точки од сферата на урбанизмот, односно вклопување на бесправно изградени објекти.
OhridNews












