Акција за чистење на зелен и друг комунален отпад денес од страна на екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.

Екипите расчистуваат депониран зелен отпад во населбата Даљан, ул. „Васил Стефоски“, ул. „Ариф Мустафа“, велат од претпријатието.

Поради големи наноси од трска, реса и комунален отпад, додаваат, се чистеше и крајбрежниот појас.

OhridNews