По вчерашното невреме кое беше проследено со силен ветер, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” се на терен на повеќе локации во градот со цел да се санира состојбата.

Се подигнуваат оштетени стебла, скршени гранки, се расчистува кејот и крајбрежниот појас од наносите од разновиден отпад. Дежурните екипи се во мобилна состојба за да се интервенира каде ќе има потреба, информираат од претпријатието.

Екипа на ТППЕ Охрид, уште во текот на вчерашниот ден интервенираше на местото каде силниот ветер  откорна дел од конструкцијата на кров на зградата на улица „Галичица“.

Од нивната страна бил отстранет и разурнатиот дел поради безбедносни причини, а на терен биле и екипи на јавното претпријатие „Комуналец“.

OhridNews